Не сте задоволни од сегашното работење на Вашиот компјутер? Доколку го имате компјутерот подолго време или пак неговите перформанси се пониски од оние на кои сте навикнале, Вашиот ПЦ треба да се подложи на ПЦ Сервисен Преглед. Во нашата клиника, нудиме професионални сервисни услуги кои ќе ви ги решат секојдневните проблеми со вашиот десктоп или лаптоп/портабл компјутер.

Тестирањето игра критична улога во справувањето со проблемите поврзани со вашиот десктоп или лаптоп компјутер. Во нашата ПЦ клиника на оваа фаза гледаме со сериозност и ги вршиме сите хардверски и софтверски тестови според најновите светски стандарди.

Вашиот ПЦ ќе биде подложен на дијагностички проверки и моменталната состојба веднаш ќе биде заведена во Сервисниот Картон. Врз база на стручниот извештај, еден од нашите сертифицирани техничари ќе Ви предложи подобрување на перформансите.

Знаеме дека, во денешно време, најголемиот дел од проблемите со вашиот компјутер се причинети од најразлични инфекции со вируси, тројанци, злонамерни и шпиoнски софтвери, итн.. Од тука, се јавува потребата од квалитетна и професионална посветеност на ова прашање.
ИНет ПЦ Клиника
Тестирање
Дијагноза
Чистење на вируси